Маж од тетовско ограбил фирма

0
11

На 03.04.2022 околу 19:20 часот во тетовски Лешок, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 46-годишниот Г.Б. од тетовско Јанчиште, поради сомнение дека извршил кражба во фирма.

Од него било одземено патничко возило „форд ка“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на лице од Скопје, во кое биле одземените производи.

Тој бил задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе следува поднесок.