Мицкоски: Ако сака, Петков може да отвори и македонски културен центар во Благоевград и Сандански

0
27

Ако бугарскиот премиер Кирил Петков, сака да даде пример за добрососедство, може по враќање во Софија да отвори македонски културен центар во Благоевград и Сандански, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Коментарот на Мицкоски доаѓа за време на присуството на Петков во Битола, кој ја предводи бугарската делегација на отворањето на клуб во рамки на културниот центар „Ванчо Михајлов“.

„…И на тие илјадници македонци кои што живеат таму да им овозможи еден ваков културен македонски центар кој што е во согласност со сите пресуди од Стразбур. А овие малкумина македонски Бугари кои што на пописот кој што беше таков некомплетен и манипулативен се изјаснија дека отприлика околу 800тини од нив го говорат бугарскиот јазик како мајчин треба да го советуваат Петков истото тоа да го направи и во Бугарија за Македонците кои што живеат таму и на тој начин навистина ќе  го покажат и на дело тоа братство а кое што тој цело време зборува и полна му е устата за братство и пријателство. Пријателството не се зборува, туку се покажува со дело“,

потенцираше Мицкоски.

Мицкоски смета дека однесување на власта во однос со преговорите со Бугарија покажува комплетна деструкција и уништување на процесот и на тој начин директно ги загрозуваат преговарачките позиции.

360 СТЕПЕНИ