Од ДЗС се извинија: Направена е грешка во Пописот при внесувањето на податоците за религиозната припадност

0
22

На сајтот на Државниот завод за статистика е објавено извинување за направената грешка во Пописот при внесувањето на податоците за религиозната припадност на граѓаните.

-Во Соопштението Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 – прв сет на податоци, објавено на 30 март 2022 година, во Табела 9 – Вкупно резидентно население во Република Северна Македонија според изјаснувањето за религиската припадност, по пол – Попис 2021, направена е техничка грешка со тоа што во редовите „Не е верник (атеист)“ и „Евангелско протестантски христијани“ е направена пермутација на податоците, стои во соопштението на ДЗС.