Општина Тетово објави дека за изминативе три месеци со 78 луѓе склучила договори на дело

0
16

Општина Тетово објави дека за изминативе три месеци со 78 луѓе склучиле договори на дело.

Подолу е целото соопштение на Општина Тетово

-Придржувајќи се до максималната транспарентност кон јавноста и почитувајќи ја секоја обврска и одговорност кон јавноста, го објавуваме Списокот на сите договори на дело склучени меѓу физички лица и општина Тетово, за првите три месеци од тековната 2022 година.

Свесни сме дека најдовме преоптоварена администрација, но потребата од стручно насочување не натера да ги засилиме редовите за да можеме да ги реализираме барањата на граѓаните кои не беа земани во предвид со години, односно беа занемарувани.

Го исполнуваме ветувањето дадено пред јавноста, објавувајќи ги договорите на дело.

Општина Тетово во првите три месеци од годинава склучила вкупно 78 договори.

Од нив, 30 се договори кои се од претходната администрација. Од останатите договори, значителен број се ангажирани во Општинскиот инспекторат како одржувачи на редот, бидејќи констатиравме дека имаше значителен недостиг во оваа област. Исто така, некои договори склучени од 1 јануари годинава се главно административци ангажирани во Комисијата за легализација и урбанизам поради големиот обем на работа што овој сектор го има како резултат на големиот број предмети кои треба да се решат и со ова граѓаните да ги легализираат објектите навреме и според Законот за легализација. Друг дел е ангажиран по потреба во различни сектори, како што е Кабинетот на градоначалникот, почнувајќи од организациониот дел, Канцеларијата за комуникација и односи со јавноста итн.

Исто така, ја известуваме јавноста дека сите ангажирани со договор на дело, на крајот од секој месец доставуваат извештај за сработеното.

Транспарентноста, отчетноста, одговорноста кон јавноста и кон граѓаните на Тетово, остануваат главен императив на нашата работа.