Поглаварот на Руската православна црква ги повика Русите да го поддржат Путин

0
19

Поглаварот на Руската православна црква патријархот Кирил ги повика граѓаните да ги поддржат руските власти кои ја спроведуваат воената интервенција во Украина, пренесува Ројтерс. Патријархот Кирил претходно јавно ја правдаше руската „воена операција“ во Украина, а војната ја смета за заштитен бедем од западната либерална култура која ја смета за декадентна.

Господ нека ни помогне да се обединиме во ова тешко време за нашата татковина, вклучувајќи и околу власта“, кажа 75-годишниот Кирил за време на литургија во Москва, пренесува Интерфакс.

Властите нека бидат одговорни кон народот, понизни и спремни да му служат дури и по цена на сопствените животи“, додаде патријархот, инаку поддржувач на претседателот Владимир Путин.

Патријархот Кирил смета дека, кога населението ќе се обедини околу власта, „ќе дојде до искрена солидарност и способност да се одбијат непријателите, и надворешните и внатрешните“.