ПОЛОШКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН НА СЕДНИЦА ДОНЕСЕ ПОВЕЌЕ ОДЛУКИ ЗА ЗАЕДНИЧКИТЕ ПРОЕКТИ НА ОПШТИНИТЕ

0
28

Градоначалниците од полошките општини во Тетово одржаа седница на Советот за развој на планскиот полошки регион на која беа одобрени повеќе планови и одлуки. Општините го одобрија годишниот извештај за реализација на програмата за развој на Полошкиот плански регион 2021-2026, акциски план за 2022 година и финансиски план за 2022 година и други.

-Во тек се ткн. форуми на регионите кај што се поканети претставници на сите општини од регионот, како и бизнисите и невладиниот сектор, да придонесат за одлуките за проектите што ќе аплицираме во следниот период за тековната како и за 2023 и 2024 година. Тоа е по препорака на донаторите од Швајцарија, истото се применува и кај нас, се обезбедува граѓанска инклузивност при носењето на одлуките за тоа кои проекти ќе се реализираат во иднина, изјави Фатмир Саити, директор на Центарот за развој на Полошки плански регион.

На средбата се разговараше за барањето на Друштвото за управување со отпад Русино околу тековни активности, формирање Совет за социјална заштита, како и за презентација на студиското патување во ЕУ.