РУСКИ ДРЖАВЕН АВИОН ЈА ПРЕЛЕТА БУГАРИЈА И СЛЕТА ВО СРБИЈА

0
39

Рускиот државен „Иљушин 96-300“, на специјален лет од Сочи, долетал претпладнево во Белград преку Бугарија.

Како што јавија дел од медиумите во Србија авионот потоа околу 13,30 часот полетал од Белград, но летовите на овој авион не биле објавени на веб страната на белградскиот аеродром Никола Тесла, јави „Н1“.

Софија уште во февруари официјално го затвори својот воздушен простор за руски авиони. Официјален претставник на бугарската влада за „БГНЕС“ потврдил дека руски владин авион летал низ воздушниот простор на таа земја. Изворот појаснил дека се работи за дозволен лет од МНР, кој имал хуманитарна цел – да ги земе руските дипломати.

Според податоците достапни на интернет, вакви летови веќе се реализирани од почетокот на војната во Украина за да се вратат руските дипломати во Русија, кои беа прогласени за персона нон грата во земјите каде биле на служба.