Села: ЕУ треба да ја одбие Арифи за амбасадорка, како што САД го отфрлија Фрчкоски

0
16

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, ја повика Европската унија да не го прифати именувањето на Теута Арифи за амбасадорка на Македонија во Брисел, со што таа би добила имунитет и, според него, не би одговарала за криминалот што го сторила како градоначалничка на Тетово.

„Теута Арифи треба да се соочи со Суд за да одговара за договорите за приватизација со министерот на Караџиќ, прорускиот олигарх Дака Давидовиќ, за 800. фиктивни работни места, за стечајот на Општина Тетово и за 14. смртни случаи во тетовската Ковид-болница“, објави Села на Твитер, по што ѝ се обрати на ЕУ: „Владеењето на правото е главен приоритет на политиката за проширување на ЕУ. Добивањето дипломатски имунитет на Арифи како амбасадор на Македонија во ЕУ значи амнестија за овие злосторства. ЕУ треба да го одбие нејзиното назначување, исто како што САД го одбија тоа на Фрчкоски“.