СЕ ДОВЕДУВА ВО ПРАШАЊЕ ОПСТАНОКОТ НА ЈП РУСИНО ПОЛОГ

0
28

Се доведува во прашање опстанокот на новоформираното јавно претпријатие Русино Полог, кое управува со регионалната депонија Русино. Поради утврдената ниска цена за депониран тон отпад, претпријатието е доведено во тешка финансиска состојба.

Високи трошоци за работа, а најниска цена во државата за депониран тон отпад од само 5 евра, го става во неизвесност работењето на јавното претпријатие Русино Полог, кое раководи со депонија Русино.

Полошките општини кои таму го носат сметот плаќаат сума која е двојно и тројно помала од останатите региони. Бараме покачување на цената ,за да не дојде до застој на работата и создавање на еколошка криза.

 Од Центарот за полошки плански регион, велат дека  донесена е нова одлука да се наплаќа повисока цена, но само за депониран тон индустриски отпад, знаејќи ја лошата финансиска состојба и на општините.

И додека се доведува во прашање управувањето со Русино, полошките општини се уште претовараат смет на места без никакакви стандарди, загадувајќи ја околината. Во потрага се по две нови локации во полошко за претоварни станици, кои според планот треба да ги исполнуваат стандардите за работа.

Инаку регионалната депонија Русино е привремена и според плановите ќе функционира во наредните 5 години, период за кој треба да се изнајде друга посоодветна локација за оваа намена