Судот ги замрзна трите стана во „Панорама“ кои се чувале за Груевски

0
20

Замрзнати се трите луксузни стана во „Панорама“, на Водно, кои наводно се чувале за екс премиерот Никола Груевски. Оваа одлука ја донесе Кривичниот суд по барање на обвинителката Лиле Стефанова, која е застапник на обвинението во случајот „Плацевите на Водно“.

Станува збор за стан од 155 метри квадратни, втор стан од 199 метри квадратни и трет стан од 200 метри квадратни чија што вредност е 660.000 евра. Привремената мерка на замрзнување на имотот ќе трае до правосилност на пресудата за предметот „Плацеви на Водно“, а завршните зборови за овој процес се закажани за 12 април, по што ќе биде објавена пресудата.

Становите на хартија се на фирмата „ССИ Инвестмент“, но според Орце Камчев и неговиот зет Мето Стојчевски, тие се чувале за Груевски, а за замена за плацевите на Водно.