Тетовец фатен на граница со фалсификувана дозвола за престој во Швајцарија

0
17

Полициски службеници на Граничен премин „Ќафасан“ го лишиле од слобода 48-годишниот Х.Д. од Тетово на 09.04.2022 во 21.25 часот.

При контрола и проверка на документите било констатирано дека дозволата за престој во Швајцарија била фалсификувана.

Тој бил предаден на полициски службеници од Отсекот за прекуграничен криминал, странци и реадмисија Струга – Регионален центар за гранични работи Запад за понатамошна постапка.