ТУРЧИН ПОЧИНАЛ ВО БОЛНИЦА, ЧОВЕКОТ КОЈ ДОШОЛ СО НЕГО ЗАМИНАЛ

0
20

Турски државјанин починал на скопските клиники.

Р.Е. (34) од Скопје вчера пријавил дека околу 14 часот во Скопје на ул. „Радован Ковачевиќ”, движејќи се со своето возило забележал две непознати машки лица, од кое едното барало помош, а другото било повредено.

Потоа Р.Е., ги качил во своето возило и ги однел во Комплексот клиники „Мајка Терза”. Потоа, едното лице незабележано заминало, а на другото повредено лице му е пружена лекарска помош, при што му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на лекување. Полицајците констатирале дека се работи за М.К.(42) од Република Турција. Истиот ден околу 19.30 часот тој починал. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.