Украл пари од пекара, ама го фатила полицијата

0
31

Тетовските полицајци приведоа 35 – годишник кој бил пријавен дека украл пари од пекарница. Кражбата се случила ноќеска околу 1 часот и 30 минути, а тој бил приведен еден час подоцна.

– Полициски службеници на СВР Тетово ноќеска околу 2 часот и 30 минути го лишиле од слобода 35-годишниот тетовец Г.С. поради сомнение дека еден час пред тоа во пекарница на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово со закана кон вработената одзел пари. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Од СВР Тетово инфорираат и дека вчера околу 13 часот и 35 минути на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 42-годишниот Т.Б. од Скопје, кој претходно извршил кражба во продажен објект во трговски центар на истата улица. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.