Хајредини: Македонија и Бугарија немаат билатерален спор, Бугарија е таа што ги оспорува Македонците

0
18

Некогашниот македонски министер за финансии Џевдет Хајредини реагира за пораката од Амбасадата на САД во Скопје билатералниот спор меѓу Македонија и Бугарија да си го решат сами.

„Американска амбасада во Скопје: Македонија и Бугарија да го решат билатералниот спор.

П.С. Не е вистина дека Македонија и Бугарија имаат билатерален спор. Само Бугарија е таа што ги спори идентитетот и јазикот на македонскиот народ“, вели Хајредини на Фејсбук.