ХОРОР – ВО ТЕТОВСКО СЕЛЦЕ СО СЕКИРА ЈА УСМРТИЛ НЕГОВАТА МАЈКА ВО ДВОРОТ ОД КУЌАТА

0
23

Утринава околу 8 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР тетово во тетовско Селце го лишиле со слобода 45 годишниот У.Д од ова село кој се сомничи дека во дворот на семејната куќа со остар предмет ја усмртил неговата 73 годишна мајка. Тој е задржан во полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.

Увид на лице место имаат извршено јавен обвинител, екипи на СВР Тетово и судска медицина

Безживотното тело е предадено на обдукција.

Во текот на денов осомничениот УД со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основен суд Тетово.