Штрајк на наставниот кадар во Тетово

0
18

Во тетовските училишта генерално се спроведува штрајкот на наставниот кадар, а има само еден случај каде според синдикалната организација, има притисок да се одржува настава.

Зоран Грковски, претседателот на Регионалниот одбор на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) информираше дека покрај членовите, штрајкуваат и наставници кои немаат синдикално членство.

– Штрајкот денес започна 100 отсто сме влезени сите во штрајк, сите членови на СОНК. Поддршката е огромна и од останатите кои не се членови, голема благодарност за разбирањето од надлежните институции на локалната самоуправа, до родителите. На регионот Тетово има над 1700 членови што се членови на СОНК, мал број што не се членови на СОНК и еден број имаме кои се примени како луѓе со дело на договор, изјави Грковски.

Тој вели дека има има едно училиште каде имало притисок да се одржува настава.

Излечете ги проблемите со простатата и подобрете ја ерекцијата за два дена!

-Има мали исклучоци каде одредени луѓе вршат притисоци, меѓутоа тоа е многу мал број и скоро небитен. Според моите сознанија настава не се држи никаде, и ако некаде се држи настава тоа се луѓе кои држат настава под силен притисок бидејќи тие самите вработени што се таму тие се сигурно се вработени со договор на дело или друг основ, наставата во главном не се држи во целиот регион, објаснува Грковски.

Според него, наставниот кадар има поддршка од родителите кои одлучиле да не ги пратат децата на училиште.

-Во утринските часови имавме многу мал број на деца во училиштат фактички родителите ја знаеја состојбата и самите родители даваат поддршка. Кога родител ќе даде поддршка значи тогаш знаеме ние тогаш што понатаму и како да го спроведеме штрајкот. Кај градинките имаме таму  една специфична работа кај што најмалите деца би требало да бидат згрижени меѓутоа и самите вработени во градинката се во штрајк. Од утре е најавено дека градинките нема да ги примаат воопшто децата во тие установи, изјави тетовскиот синдикален претставник.

Грковски информира дека за време на штрајк вработените си доаѓаат редовно на работа меѓутоа не извршуваат работни задачи, а се присутни на работното место во  посебна просторија за штрајкување.