Јајцата го пробија плафонот

0
13

Низ продавниците во градот едно јајце почна да се продава и по повеќе од 10 денари. Оние со големина од Л во кутија се продаваат по 96 денари, а ХЛ по 118 денари за 10 јајца, пишува Слободен Печат. Граѓаните бурно реагираат на високите цени, а од Владата најавуваат нова мерка, со цел да се поттикне зголемувањето на домашното производство на јајца и пилешко месо и субвенционирање дел од трошоците на производителите.

– Финансиската поддршка за живинарството ќе подразбира субвенција од 40 денари по пиле заклано во регистриран кланички капацитет. Зголемена субвенција на 120 денари за амортизирани носилки заклани во регистрирани капацитети. Субвенција од дополнителни 10 денари за произведени и продадени еднодневни бројлерски пилиња и нова интервентна субвенција од 60 денари по несилка што се наоѓа во одгледувалиште и е на возраст за производство на консумни јајца – најави на денешниот брифинг министерот за земјоделство Љупчо Николовски.