ВАНДАЛИ УНИШТИЈА НАПЛАТНА РАМПА НА ПАРКИНГ НА ЈП ГРАДСКИ ПАРКИНГ ТЕТОВО

0
63

Непознати сторители целосно ја оштетиле наплатната рампа на затворениот паркинг “Лирија”, спроти судот во Тетово. Случајот е пријавен во полиција, ќе се разгледуваат снимките од безбедносните камери, а против сторителите ќе следуваат соодветни казни, информираа од ЈП градски паркинг

-ЈП “Градски паркинг” повторно апелира граѓаните да се воздржуваат од вакви несакани вандализми. Урбаната опрема треба сите да ја чуваме, градот припаѓа на сите подеднакво. Ова не е добра слика на нашето Тетово, додадоа од претпријатието