ДА СЕ ТРГНЕ ВЕТОТО ЗА МАКЕДОНИЈА БУГАРСКИ ПРАТЕНИК ГИ БАРА КОСКИТЕ ОД ЦАР САМОИЛ

Пратеникот од владејачката бугарска партија „Продолжуваме со промените“ Венко Сабрутев ги бара моштите на Цар Самоил за да Бугарија го тргне ветото за Македонија.

Тој од Македонија бара гаранции и гестови, за да дозволат земјава да почне преговори со Европската Унија(ЕУ). Вели актуелни теми за бугарскиот народ се инфлацијата, цената на горивата и гасната криза, а не Македонија. Пратеникот смета за прашањето за Северна Македонија треба да се бара национален консензус.

„Нашиот западен сосед мора да ги исполни своите обврски и да направи гестови кон Бугарија за да му потврди на бугарскиот народ дека ќе ја промени својата политика“, нагласил Сабрутев.