ЗАЛИХИ НА ПЧЕНИЦА ЗА УШТЕ 10 МЕСЕЦИ

Светот има залихи на пченица за уште само 10 недели, што е последица на руската инвазија на Украина која ја наруши набавката од главната „житница на Европа“.

Обединетите Нации (ОН) предупредија дека глобалните залихи на пченица паднаа на најниско ниво од 2008 година, бидејќи „залихите се погодени од појава што се случува еднаш во генерација“.

„Официјалните проценки наведуваат дека светските залихи на пченица се паднати на 33 отсто од годишната потрошувачка, но сега можеби се паднати и на 20 отсто, според податоците на компанијата „Гро Интелиџенс“ која се занимава со анализа на земјотелските податоци“, пишува „Телеграф“.

Русија и Украина сочинуваат околу четвртина од светскиот извоз на пченица, а Западот стравува дека Путин се обидува залихите на храна да ги користи како еден вид на оружје.

Русија оваа година планира силна жетва на пченица, зацврстувајќи ја контролата на Путин врз основните житарки, бидејќи лошото време го наруши нивното производство во Европа и во САД.

„Без значителни моментни и агресивни координирани акции, сме изложени на исклучителна количина на човечки страдања и економска штета. Ова не е циклично, ова е сеизмичко. Тоа е појава што се случува еднаш во генерација и која може драматично да ја преобликува геополитичката ера“, порача Сара Менкер, извршна директорка на „Гро Интелиџенс“, пред Советот за безбедност на ОН.

Војната го наруши земјоделското производство и доведе до рекордно високи цени на храната во светот, предизвикувајќи страв од немири во земјите во развој. Кризата со пченица ја влоши Индија, втор најголем произведувач во светот, со забраната за извоз на житарици и зголемени трошоци за земјоделците – од ѓубрива и сточна храна до гориво.

Официјални западни претставници, исто така, стравуваат дека Путин намерно се обидува да ги девастира глобалните залихи на храна со уништување на земјоделскјата опрема и кражба на жито во Украина.

Гувернерот на централната банка на Велика Британија, Ендрју Бејли оваа недела предупреди на „апокалиптично“ зголемување на цената на храната додека Украина се бори со извоз на производот.

„Украина има залихи на храна, но моментно не може да ја извезува. Тоа не е грижа само за нашата земја, тоа е грижа за светот во развој“, нагласи Бејли.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во четвртокот го обвини Путин дека „ја користи храната како оружје“.

„Залихите на храна за милиони Украинци и милиони други луѓе ширум светот буквално се држат како заложници. Околу 20 милиони тони жито стојат неискористени во украинските силоси, додека глобалното снабдување со храна се намалува, цените вртоглаво растат“, изјави Блинкен.