И ОФИЦИЈАЛНО ФИНСКА ПРИСТАПУВА КОН ЧЛЕНСТВО ВО НАТО

Претседателот на Финска, Саули Нинисто изјави дека Хелсинки ќе поднесе формално барање за членство во НАТО.

Финската премиерка Сана Марин изрази надеж дека одлуката да се побара членство во НАТО ќе биде одобрена од Парламентот на расправа која ќе се одржи во текот на следните неколку денови.

Ни преостанува уште парламентарниот процес во Финска, но верувам дека парламентот одлучно и одговорно ќе дебатира за оваа историска одлука, изјави Марин.

Марин вели дека заедно со претседателот Нинисто се во псотојан контакт со повеќе членки на Алијансата, и им се заблагодари за нивната поддршка.

Одлуката на Парламентот во овој случај повеќе ќе биде формалност.