ЌЕ СЕ НАБАВУВААТ ТЕСТОВИ И ТЕРАПИЈА ЗА МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) ја следи ситуацијата со појавата на мајмунски сипаници во светот и презема превентивни мерки за одговор на здравствениот систем во случај на нивна појава во Северна Македонија. За таа цел минатата недела било испратено барање до Светската здравствена организација (СЗО) да се обезбедат тестови и терапија за дијагностицирање на мајмунските сипаници.

„Комисијата за заразни болести покажа загриженост бидејќи има ширење на вирусот во светот. Сите релевантни институции покажуваат одреден степен на загриженост, целта е да го подготвиме системот, односно клиничките патеки за следење на евентуални пациенти“, вели портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ.

Оваа состојба со мајмунските сипаници не е пропорционална со пандемијата на ковид, но Мехмедовиќ вели дека комисијата сака да ја да ја следи состојбата и да обезбеди се што е потребно за евентуален план за лекување на пациенти.