БЕГАЈ БЕ ТАМУ, ХЕЈ СУС, СОДРЖИНА НА ТРАНСПАРЕНТ СО КОЈ ВМРО ДПМНЕ ГО ПРЕЧЕКА ЏАФЕРИ

0
47

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска со изложени транспаренти во прес салата на Законодавниот дом побара оставка од претседателот на Собранието, Талат Џафери, по објавената аудио-снимка по 71.седница за која се тврди дека се слуша гласот на спикерот како ги пцуе и навредува вработените од службите.

Поглај главниот транспарент, имаше и помали на кои беа испишани и останатите непристојни изрази кои алудираат на Џафери.

ВМРО-ДПМНЕ побара седница на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања на која ќе се расправа за прекршувањето на Етичкиот кодекс од Талат Џафери.