ВО ПОЛОШКО НА УДАР МАЛОТО СТОПАНСТВО, ПАНДЕМИЈАТА ЈА ИЗДРЖАА НО ВОЈНАТА ВО УКРАИНА НЕ

0
36

Пандемијата не толку, но војната во Украина зададе силен удар врз малите и средните претпријатија во полошко, кои го сочинувата над 90 % од пазарот. Никој не може да предвиди во која насока ќе се движиме, се зависи од глобалниот тренд, велат експертите. Економската политика на владата е позитивна, но треба повеќе внимание да се обрне на брзите одлуки за задолжувањата, кои се големи, советуваат експертите.

Дел од суровините за производство ги нема, на останатите им расте цената. Војната во Украина го погоди приватниот сектор во полошко, кој е зависен од увоз на репроматеријали, чија цена постојано расте, покажуваат анкетите на Агенцијата за подршка на мали и средни претпријатија ЕСА од Тетово.

И печалбарите од кои се крепи економијата во полошко особено во летниот период, не покажуваат знаци за некои инвестиции и поголем прилив на пари во нивниот роден крај, велат анализите.Мора да се наоѓаат алтернативни пазари, а владата да го стегне ременот и да биде далеку повнимателна во однос на задолжувањата.

Проблемот е глобален и никој не може да предвиди што ќе се случува во периодов, велат Јусуфи и Реџепи. Позитивна вест е што инфлацијата ни е со коефициент близок на просекот на Европската Унија, а во однос на регионот засега економски добро стоиме.

ПОДОЛУ НА ЛИНКОТ Е ВИДЕО ПРИЛОГОТ НА МРТВ

https://play.mrt.com.mk/play/53137