ВО ХОТЕЛОТ БУШИ ВО СКОПЈЕ 10 ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ, ОД КОИ НЕКОЛКУ ПОТЕШКО

0
39

Десет лица се повредени во пожарот што попладнево избувна во хотелот „Буши“ во Скопје и со возила на Итната медицинска помош (ИМП) се однесени во Градската општа болница „8 Септември“ и на Клиниката за токсикологија, изјави раководителката на Итната медицинска помош (ИМП), Милица Бубало за МИА.

Од нив, посочи таа, двајца се здобиле со потешки повреди.

Додаде дека екипите на ИМП на лице место интервенирале и за други полесно повредени лица кои се пожалиле на тешкотии со дишењето.

Попладнево во пожарот што избувна во хотелот „Буши“ во Старата скопска чаршија биле зафатени дел од рецепцијата и кујната на хотелот, информираа од Противпожарната бригада Скопје.

Тие потврдија дека пожарот е локализиран.