ГГ СТЕФАН ОД СПЦ ПОБАРА АВТОКЕФАЛНОСТ

0
32

Од денеска и официјално заврши расколот меѓу Српската и Македонската православна црква. По 55 години се одржа заедничка литургија „за помирување“ и канонско единство.

Храмот „Свети Сава“ беше претeсен за илјадниците верници кои се појавија на утринската литургија која се водеше и на македонски и на српски јазик, и од македонските и од српските владици.

Радост на небото радост на земјата, повторно сме во единство – ова е пораката испратена од поглаварите на Македонската и Српската православна црква архиепископот г.г. Стефан и патријархот Порфириј на денешната заедничка литургија во храмот „Свети Сава“ во Белград.

Раната е исцелена, ова е чудо божјо порача патријархот Порфириј во своет обраќање. Тој осврнувајќи се на спорот меѓу двете цркви кажа дека е човечки да се греши но грешката мора да се исправи и тоа е сторено.

„Расколот со браќата од Северна Македонија траеше 55 години. Секој ден ние ја чекавме таа болна рана да исцели. Да се радуваме и веселиме, браќа и сестри, зашто денес се радуваат небото и земјата, се радуваат сите светии, Свети Сава и сите кои се засадени во неговиот корен“, кажа патријархот Порфириј.

Архиепископот г.г. Стефан пак истакна дека од денеска завршува две и пол вековната голгота на македонската црква и македонскиот народ.

Тој најави дека МПЦ – ОА ќе продолжи да чекори по својот пат кон автокефалност. Побара од Саборот на СПЦ да ја донесе одлуката со која повеќедецеинската тага ќе ја претворат во радост.

Му благодариме на Бога што, еве, се исполни времето, па наидовме на братољубиво разбирање и кај Неговата Светост, патријархот г. Порфириј, заедно со членовите на Соборот на Српската православна црква, кои, само по неколку дена од донесениот акт на Синодот на Вселенската патријаршија, раководен од Неговата сесветост патријархот г.г. Вартоломеј и во истиот тој дух, донесоа одлука за воспоставување на евхаристиско и канонско единство помеѓу нашите помесни Цркви. Со чинот на изразената добра волја на дело, а потврдена, еве, и со денешнава заедничка света богослужба во овој велелепен Светосавски храм, покажавме дека со чашата на благословот и со кршењето на лебот, го покажавме заедништвото во најсветото, во крвта и телото Христови, покажавме дека сме заедно и едно во верата, со што го потврдиме единстовото меѓу нашите две црки, со тоа и единството сс сите дртуги помесни православни цркви“.

На литургијата поселеден пред верниците се обрати поранешниот македонски владика, а сега член на саборот на СПЦ Јован Вранишковски, кој кажа дека денешниот ден му е подраг од денот кога тој доби томос за автокефалност од СПЦ за неговата паралелена црква во Македонија и порача дека времето на расколи мора да запре.

Во Белград продолжува Саборот на СПЦ кој се очекува да заврши до крајот на оваа недела и на кој се очекува да се донесе долго чеканата одлука – барање за автокефалност на Македонската Православна црква – Охридска Архиепископија, кое потоа ќе се достави до Вселенската патријаршија во Цариград, единствена која може да томост за автокефалност.

Независно од одлуката на Саборот на СПЦ, архиепископот г.г. Стефан на почетокот на идниот месец ќе одржи заедничка литругија со вселенскиот патријарх Вартоломеј во седиштето на цариградската патријаршија во Истанбул.