ДЕСЕТИНА ДОМАЌИНСТВА ТРОШАТ 10 ОТСТО ОД ВКУПНАТА СТРУЈА ШТО СЕ ТРОШИ ВО ЗЕМЈАВА

0
35

Во Македонија 17 домаќинства трошат 10 отсто од целата потрошувачка на струја во државава. Односно, овие домаќинства, трошат 30 проценти од целата струја произведена од хидроелектраните. Поради ваквите примери Регулаторната комисија за енергетика е во завршна фаза со подготовка на новиот правилник за тарифирање на корисниците. Иако овие домаќинства се редовни плаќачи на сметките за електрична енергија, регулаторот вели дека ќе мора да се променат правилата. Тие што повеќе трошат ќе плаќаат повисоки тарифи.

„Ако е просечна потрошувачка 10 киловат часа на ден, а читањето може да биде различно за 25 до 35 дена, а ако кај вас е на 25 дена во првиот блок би биле 250 киловат часови. Доколку е 35 дена би биле 350, се со цел да ги избегнеме шпекулациите од типот намерно не ми прочитаа за да влезам во повисок блок, се со цел граѓаните да бидат сигурни дека тоа што им припаѓа тоа и ќе го добијат“, рече Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.

И додека регулаторот го подготвува новиот правилник, дел од компаниите од енергетскиот сектор ги прават завршните пресметки на трошоците пред да му достават за признавање, од што всушност и зависи финалната цена која ја плаќаат граѓаните. Електро дистрибуција и ЕВН Хоум веќе ги испратиле трошоците до регулаторот кои покажале дека овие две компании направиле загуби помеѓу 25 и 30 милиони евра. Засега не се знае колкава сума ќе биде признаена. Останатите фирми имаат рок до крајот на месецов да ги достават нивните пресметки. Просечната цена по која ќе се продавата струјата догодина ќе изнесува 240 евра за мегават час, тоа е за неколку пати поскапо од пред енергетската криза.

Алсат-М