ЕБУ објасни зошто се поништени гласовите на шест земји на „Евросонг 2022“

0
28

Европската радио-дифузна унија – ЕБУ ги објасни причините за поништувањето на гласовите на: Азербејџан, Грузија, Полска, Романија, Сан Марино и Црна Гора во второто полуфинале.
Се наведува дека членовите на жирито на наведените шест држави ги ставиле истите тие земји-учеснички на врвот на листата, со исклучок на својата земја, бидејќи не можат да гласаат за свој претставник, додека повеќето членови на комисиите на други држави истите ги рангирале под осмото место.

ЕБУ објави дека обрасците на гласање не сево согласност со правилата на натпреварот. Како што се наведува, забележано е дека во второто полуфинале, 4 од шест жирија меѓу најдобрите пет песни ги ставиле земјите од горе наведнеите, а една комисија пет од овие земји ставила меѓу најдобрите 6, додека друга 4, а петтата земја ги вброила во првите 7.

Според ЕБУ, образецот на гласањето го утврдил партнерот што ја следел регуларноста, а го потврдило независно тело кое го следело гласањето, бидејќи 5 од шесте змеји биле рангирани под осмото место кај членовите на жиријата на преостанатите земји кои се натпреварувале во второто полуфинале на „Евровизија“, како и кај жиријата на Германија, Велика Британија и Шпанија, кои исто така гласале во текот на втората полуфинална вечер.

Се додава дека 4 земји биле рангирани меѓу последните 6 и оти станува збор за нерегуларност без преседан. Поради тоа ЕБУ одлучи, според правилата на „Песна на Евровизија“, да го искористи правото да ги отстрани поените на шесте жирија на овие земји и да ги замени со автоматски пресметаниот резултат од гласањето, за да се утврди конечниот резултат во второто полуфинале.

Од истата причина, гласвите од жиријата на овие шест земји не се користени ниту во финалето,за да се сочува интегритетот во системот за гласање на „Евросонг“.

Одлуката ја одобри претседателот на референтната група на „Песна на Евровизија“, како и заменикот генерален директор на ЕБУ, во согласност со правилата за гласање на овој избор.

ЕБУ разговараше со емитерите чии гласови на жирито се поништени и им даде можност дополнително да го истражат гласањето на жиријата во наведените држави.

Бидејќи и македонската претставничка Андреа Коевска пееше во второто полуфинале, треба да се утврди колку поени таа загубила од овие измени.

Според други коментари можеби оваа објава е дефокусација од се почестите обвинувања до ЕБУ дека годинашниот избор е наместен да победи Украина и оти фестивалот се повеќе наликува на политичка и геј -забава, а не на избор на најдобра ервопска песна.