ЗАТВОР ЗА ГРУЕВСКИ , ЈАНАКИЕВСКИ, ТРАЈКОВСКИ И НАЈДОВСКА ЗА ТНТ

0
30

Никола Груевски доби казна затвор првостепено од девет години за рушењето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ поради политички причини, додека за поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески одредени се три години, вклучувајќи го времето поминато во притвор.

Поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, и овластената градежна инспекторка Елисавета Најдовска, добија по четири години затвор како виновни. Сите четворица ќе треба да платат отштета од 683.514.694 за незаконското уривање на „Космос“.

Груевски и Јанакиески заради политичка одлука го поттикнале Тони Јакимовски да стори кривично дело и да ја искористи службената положба за рушење на станбено-деловниот комплекс Космос. Трајковски се согласил со тоа и со умисла го сторил кривичното дело. Елисавета Најдовска, овластена градежна инспекторка, постапила спротивно од правилникот и донела решение без да постојат услови за мерење на лимитираната висина на објектот.

Обвинетите се судат дека поради политичка одмазда незаконски го урнале комплексот Космос кој се’ уште го гради бизнисменот Фијат Цаноски.