ЗА ЕДЕН ДЕН ТРИ СЛУЧАИ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ТЕТОВСКО, А ВО ЦЕЛ ПОЛОГ НЕМА ШЕЛТЕР ЦЕНТАР

0
33

Расте семејното насилство во полошко. Жртвите над 90 % жени, постојано се пријавуваат, но превентивата и стручната помош за нив изостанува. Во целиот регион нема шелтер центар, општините без стратегија, ниту пак одвојуваат средства за ублажување на оваа проблематика.

Минатата недела во само еден ден биле пријавени три случаи на семејно насилство во тетовско

Нападите врз жените во полошко растат. За една година во регионот, евидентирани се стотина кривични дела за вакви девијантни појави.

Но за жртвите превентивната пред се и стручна помош изостанува, стои во последната анализа за семејното насилство во овој регион. Државата ги нема направено почетните чекори за отворање на шелтер центар.

Општините од полошко пак се без стратегии за мапирање на оваа проблематика, ниту пак одвојуваат средства за истата, иако тоа е нивна законска обврска.

Жртвите од полошко користат шелтри центри во другите градови во државата. Но далечината создава практични проблеми, велат надлежните, Сметаат дека како со жртвите, така и со сторителите треба да се работи на стручно ниво.

Во анализата во рамки на пректот на патот кон ЕУ е нотирано дека во полошко не се иполнети минимум стандардите пропишани во Истанбулската конвенција за достапност и услуги за жртвите.

Следува видео прилогот на МРТ

https://play.mrt.com.mk/play/53321