КАСАМИ СЕ ПОФАЛИ ДЕКА ПРОДОЛЖИЛЕ ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ НА БЛАГОЈА ТОСКА СО ПАРИ ОД ТАВ КОИ ВЛАДАТА ГИ ПРЕНАМЕНИ ЗА ЛОКАЛНИ ПРОЕКТИ

0
28

На долгогодишниот сообраќаен проблем во нашиот град му се ближи крајот, истакна градоначалникот на Општина Тетово Биљали Касами, по увидот на терен на булеварот Благоја Тоска каде продолжија градежните активности за пробивање на оваа делница.

-Реализацијата на овој проект, финансиран од ТАВ, речиси 8 години тапкаше во место и не можеше комплетно да се заврши во време на претходната локална власт, поради имотни проблеми и неспособност на раководството. Овие проблеми успеаја да се решат благодарение на нашата работа и посветеност, за рекордно време ги решивме сите имотно-правни проблеми и почнавме со работа на терен, рече Касами

Отворањето на овој булевар е една од главните артерии во градот Тетово, чија реализација значително ќе го ублажи сообраќајниот хаос и ќе овозможи подобар проток на возилата.