КОНЕЧНО ЛЕТОВО ЌЕ ПРИСТИГНАТ КАНАДЕРИТЕ ЗА ГАСЕЊЕ НА ПОЖАРИ, АМА НЕМА КОЈ ДА ГИ ВОЗИ

0
35

Државата располага со три ер-трактори. Но, моментално само еден авион е може да одговори на предизвик за гасење на шумски пожари.

Иако на Меѓународниот аеродром Скопје се приземјени два канадера, едниот не е оперативен. Сè уште се чека негово редовно сервисирање. Вчера во Шпанија на сервисирање беше испратен вториот Ертрактор кој според роковите треба да биде готов до средината на јули, по што ќе се испрати и последниот, третиот авион на сервис.

Но, сега се јавува друг проблем. Нема доволно пилоти со сертификат да управуваат канадери. За трите авиони да се активираат наеднаш, Дирекцијата за заштита и спасување треба да има девет пилоти, а моментално има само тројца со сертификат.

„За да се раководи авионот три пилота се доволно за еден авион да биде оперативен за да може да гаси, а другите да одмораат. И така што од сабајле кога ќе огрее сонцето до приквечер до 20 часот да биде оперативен авионот“, вели Златко Пешиќ, авиотехничар при Дирекција за заштита и спасување.

Еден ваков авион може да собере вода до три тона. Лани беше проблем гасењето на шумските пожари, зашто овие авиони не беа во функција бидејќи не се избра фирма да ги сервисира. А, кога е во прашање инвестирањето во противпожарна заштита, Град Скопје за годинава за четири пати го намали буџетот од лани за нови противпожарни возила, опрема и машини. Ако лани се инвестирале речиси еден и пол милион евра, годинава сумата падна на само 367 илјади.

Државниот завод за статистика и Национални шуми наведоа дека пожарите од ланското лето што ја зафатија земјава направиле штета од 37,7 милиони евра. Меѓу јуни и септември 2021 година имало 142 шумски пожари во кои изгореа 11 000 хектари шума.

АЛСАТМ