ЛГБТ АКТИВИСТОТ БЕКИМ ОСМАНИ ГО ТЕПАЛЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА НЕГОВАТА МАЈКА

0
28

Во саботата, на 7 мај 2022 г., во попладневните часови беше физички нападнат претседателот на „ЛГБТИ Јунајтед“, Беким Асани, објави ЛГБТИ Јунајтед. Нападот се случил на градските гробишта во Тетово каде што Беким со својата 70-годишна мајка биле на посета на гробот на неговиот татко.

Според изворот, четири машки лица на возраст од 20 до 40 години кои седеле на клупа, му дофрлувале на Беким „педер“, „неверник“, „многу зборуваш со устата“, „ќе гориш во пеколот“.

Кога Беким и неговата мајка тргнале да си одат од гробиштата, еден од нив го нападнал со бокс во лицето, по што Беким паднал на земја, а напаѓачот продолжил да го удира со клоци во пределот на стомакот и нозете упатувајќи му ги зборовите „педер гнасен“, се вели во извештајот објавен на ЛГБТИ Јунајтед, а информација и фотографија за тоа објави и првиот човек на организацијата, Беким Асани, на неговиот Фејсбук профил.

„ Ме нападнаа пред очите на мојата мајка… Ме навредија, со најгрдите зборови…“ – напиша Асани.