МАКЕДОНЕЦ СО НОЖ ИЗБОДЕЛ 5 ЛИЦА ВО ХРВАТСКА

0
31

Македонски државјанин на 23-годишна возраст пред неколку дена се обидел да убие едно лице, при што тешко повредил четири други во Вараждин, Хрватска.

Инцидентот се случил на 28 април во 3 часот по полноќ кога Македонецот со нож избодел врсник, при што му предизвикал внатрешни повреди, а исто така им нанел тешки телесни повреди и расекотини на уште четири лица.

На момчето му е одреден истражен затвор поради опасност да го повтори делото, како и опасност од бегство и влијаење врз сведоците.

Македонецот е обвнет за две казнени дела, а може да добие затворска казна до пет години.