МПЦ ШИРИ БИЗНИС СО ПРОИЗВОДСТВО НА СТРУЈА, ЌЕ ПОСТАВУВА ПАНЕЛИ

0
34

Во исто време додека се крои автокефалноста на МПЦ, Црквата дома крои планови за проширување на своите бизниси со електрична енергија, објави Телма телевизија.

Според податоците од Централен регистрр, пред 4 дена на 12 мај, МПЦ основаше нова фирма во партнерство со уште едно лице, чија дејност е производство на електрична енергија.

Седиштето е во охридското Долно Лакочереј каде, МПЦ планира во долината на ова село да постави соларни панели за фотонапонска централа. Портпаролот на МПЦ, владиката Тимотеј не одговори на телефонските повици и пораки на Телма, а претходно за порталот Фактор потврди дека МПЦ го проширува бизнисот со електрична енергија, но нема повеќе детали околу оваа инвестиција и моќноста на фотонапонската централа

– НЕ Е ЗАБРАНЕТО, НИТУ Е ЧУДНО ТОА ШТО МПЦ-ОА САКА ДА ИНВЕСТИРА. А ВО ПРОЕКТОТ ИМА И ДРУГИ ПАРТНЕРИ. ЗА ТОА КОЛКАВО ЌЕ БИДЕ ПРОИЗВОДСТВОТО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, ЗАВИСИ ОД ТОА КОЛКАВИ СРЕДСТВА ЌЕ МОЖЕМЕ ДА ИЗДВОИМЕ, РЕЧЕ Г ТИМОТЕЈ ЗА ФАКТОР

МПЦ во бизнисот со струја се вклучи пред 2 години кога во партнерство со уште неколку физички и правни лица, основаше компанија друштво за производство на електрична енергија ХЕЦ Драгов дол Кичево.

Но, во изминатиот период МПЦ ја следеа повеќе скандали и афери поврзани со хотелски, градежни и други бизниси.

Преземено од Телма телевизија