НА АЛБАНСКАТА ПРЕСТАВНИЧКА НА ЕВРОВИЗИЈА И ГО ЦЕНЗУРИРАА НАСТАНОТ ПОРАДИ ГОЛОТИЈА

0
39

Албанската претставничка завчера се појави на отворањето на Евровизија во необично издание, а како што беше откриено причина за тоа е нејзиниот револт бидејќи нејзиниот настап бил цензуриран од организаторите.

На церемонијата по повод свеченото отворање на манифестацијата, Ронела се појави облечена во костим со чуден дизајн, а на главата носеше кариран детаљ кој буквално и го покриваше лицето.

Според медиумите од Торино, Ронела дошла така облечена со причина, а тоа е – револт.

Пејачката е лута затоа што организаторите и го цензурирале настапот, поради, како што навеле, премногу голотија.

Од таа причина, таа беше принудена целосно да го промени концептот на својот настап и да избере друга креација, која според нивните правила не е толку експлицитна.

И албанците ја критикуваа својата претставничка: „Евтина патетика, џабе полетала“

Пред неколку дена, Ронела Хајати имаше прес-конференција на која зборуваше за тоа што ја турка напред во животот, но тоа очигледно никому не му било интересно.

Прашањата и одговорите на прес-конференцијата очигледно не беа забележани, бидејќи Ронела Хајати носеше моден детаљ на главата, кој според многумина изгледаше евтино и кич.