ОСМАНИ : НА ЕУ МИНИСТРИТЕ ИМ ПОРАЧАВ БЕЗ ОДЛАГАЊЕ ДА ГИ СТАРТУВААТ ПРЕГОВОРИТЕ СО МАКЕДОНИЈА

0
42

ЕУ да го препознае моментот – особено сега за време на војната во Украина и веднаш да ги стратува преговорите за членство на Македонија со ЕУ, е пораката која шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска ја испрати во Брисел до останатите шефови на дипломатии на ЕУ. Тој за телевизија 24 ја потврди вчерашната средба во Берлин со шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска и само кратко одговори дека обидите за дијалог продолжуваат.

– За прв пат министрите за надворешни работи на Западен Балкан беа дел од Советот за надворешни работи на Унијата. Ја претставив нашата позиција по однос на војната во Украина, но и ја повикав Европската Унија да го препознае моментот, да ја препознае зрелоста на Северна Македонија во стратешкото позиционирање и исполнување на критериумите и без одлагање да ги започне преговорите, а со тоа да го зачува кредибилитетот на европскиот процес во регионот.

Шефот на дипломатијата Османи денеска е во Брисел на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ. Предвидени се средби со повеќе високи претставници во Европскиот Совет и Комисијата.