Отворен ден на Универзитетот во Тетово, претставени 84 студиски програми пред матурантите

0
34

Универзитетот во Тетово пред својот Ректорат денес одржи отворен ден со цел да се презентира академската понуда за 2022/2023 година.

Заинтересираните средношколци на штандовите на факултетите имаа можности да добијат информации околу студиските програми, потребните услови за упис, наставниот кадар и слично.

-Денеска е отворен ден на Универзитетот во Тетово и во посета имаме многу матуранти од сите градови. Тие имаат можност подобро да се запознаат со академската понуда на универзитетот со студиските програми кои гу нудиме ние. Оваа академска година имаме околу 84 студиски програми во прв циклус и имаме вкупно 3700 слободни места на 13 факултети, изјави Ибрахим Незири од канцеларијата за настава

На отворенот ден беше организиран и бизнис саем на кој триесетина компании се претставија пред студентите со цел да се разгледаат можности за стипендирање, вработување или стажирање.

МИА