ПРИВЕДЕНО ЛИЦЕ ВО ТЕТОВСКО ПОРАДИ ПРИРЕДУВАЊЕ НА ИГРИ НА СРЕЌА БЕЗ ЛИЦЕНЦА

0
29

На 07.05.2022 во 22.15 часот во с.Боговиње, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.А.(26) од с.Боговиње поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „приредување на игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган“ по член 156 став 3 од Закон за игри на среќа.

При контрола во објект без фирма во селото, извршена во содејство со УЈП Тетово, кај него и во објектот биле пронајдени и одземени 6455 евра, 220 британски фунти, 200 швајцарски франци, 4100 денари, три мобилни телефони, список со 387 клиенти и други предмети кои потекнуваат од кривично дело.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава