РАДЕВ – НА 24 МАЈ СИТЕ СМЕ БУГАРИ

0
36

Со овие зборови ја започнал честитката претседателот Радев до бугарскиот народ по повод 24 мај – Денот на Светите браќа Кирил и Методиј и, – според него – на бугарската азбука, просветата и културата и словенската литература, пренесоа медиуми.

„Денес има седум милиони Бугари во Бугарија. Милиони други се надвор од татковината. Но, секогаш постои невидлива татковина што секој ја носи со себе.Јазикот нè инспирира, јазикот нè утешува Јазикот е нашиот дом и надеж во тешките и осамени моменти, особено далеку од татковината, вели Радев.

Тој порача дека „бугарскиот јазик ќе ги надживее интригите на неговите негатори и неговите блудните роднини кои не го препознаваат своето потекло или сродство со нашиот говор“.