СЕЛА – ВО УЧИЛИШТА РАКОВОДЕНИ ОД ДУИ СЕ КОПААТ КРИПТОВАЛУТИ

0
41

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 обвини за „копање“ криптовалути во училишни објекти.

„Имам информации дека во училишта кои се раководени од ДУИ се копаат криптовалути, каде е полицијата и што преземаат институциите“, посочи тој.

Лидерот на АА исто така додаде дека за разлика од политичарите од ВМРО-ДПМНЕ експонирани во времето на Никола Груевски, ниту еден член на ДУИ не само што не е осуден за злоупотреби, иако партијата десет години била во власта со ВМРО-ДПМНЕ.