СЕ ДОДЕЛУВААТ СОЦИЈАЛНИ СТАНОВИ ВО ГОСТИВАР, ДЕЛ ОД АПЛИКАНТИТЕ ВЕЛАТ ГИ ИСПОЛНИЛЕ УСЛОВИТЕ, А СТАН НЕ ДОБИЛЕ

0
32

Објавена прелиминарната листа за распределба на социјални станови во Гостивар. Се работи за 70 домови во една станбена зграда. Грижата на државата за ранливата категорија граѓани продолжува и понатаму, најави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски…

За социјалните станови распределени на 70 лица, аплицирале 190 граѓани од Гостивар. Не се работи за конечна, туку за прелиминарна листа на добитници на станови, кај кои дополнително посебна комисијата ќе изврши контрола, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Но, не сите ранливи категории граѓани успеваат да го обезбедат станбеното прашање. Дел од гостиварци кои аплицирале, а не се нашле на прелиминарната листа, со реакции во јавноста.

Министерот Бочварски вели дека Владата максимално и посветено работи на социјалната политика. Дополнително ќе се доделат 138 стана, а во завршна фаза се и изградба на неколку социјални згради ширум државата.

Ги повика општините на поголема соработка, оти секоја иницијатива за изградба на социјален објект за домување, треба да започне по нивно барање, со претходно обезбедена урбана документација.

Подолу е линкот од видео прилогот на МРТ

https://play.mrt.com.mk/play/53230