СЕ ОГЛАСИ МПЦ – ВЛАДИКАТА ТИМОТЕЈ ОЧЕКУВА СПЦ ДА ПРЕДЛОЖИ ДО ВСЕЛЕНСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА АВТОКЕФАЛНОСТ ДО КРАЈОТ НА МЕСЕЦОВ

0
34

Митрополитот на дебарско-кичевската епархија при МПЦ ОА и портпарол на Синодот, Владиката Тимотеј, по денешната седница изјави дека се надеваат и очекуваат до крајот на месецов Српската православна Црква до Вселенската патријаршија да го испрати предлогот за автокефален статус на МПЦ.

„Црква за која се бара да биде предложена за автокефален статус треба да исполнува 9 или 10 точки. Ние очекуваме за нас, тоа да го направи матичната црква од која се одделуваме , во конкретниот случај СПЦ. Таа да предложи до Вселенската патријаршија доделување автокефален статус , што треба да го одобрат сите православни цркви, а потоа Вселенскиот патријарх да издаде Томос кој треба да биде потпишан од него и од епископот на СПЦ, изјави владиката Тимотеј.