ТЕТОВСКИ ЖФК ЉУБОТЕН НОВ ШАМПИОН ВО ЖЕНСКИОТ ФУДБАЛ

0
37

Екипата на ЖФК Љуботен од Тетово испиша историја и го освои првиот трофеј на домашната сцена.

Екипата ја оствари целта на гостувањето кај ЖФК Истатов во Дојран, дојде до три бода (победа од 1-3) и така го одбрани првото место во последното коло, на кое атакуваа уште ЖФК Тиверија Струмица и ЖФК Каменица Саса (актуелен Куп-освојувач).

И Тиверија и Саса победија во последната рунда против Атлетико (0-7) и Речица (0-5), но залудно. Победи прокнижија и Борец над Скопје (4-3), Деспина против Шкендија (11-4), како и АС Јунајтед кај Топ Гол (3-1).

ЖФК Љуботен заврши како лидер со 55 бода, пред ЖФК Тиверија со 54 и ЖФК Каменица Саса со 53 бода. Поради освоеното прво место, тимот на ЖФК Љуботен го чека прво, историско учество во квалификациите за Лигата на шампионите.

Преземено од gol.mk