ЏАФЕРИ – ПЦОВКИТЕ НЕ БЕА КОН ВРАБОТЕНИТЕ ТУКУ КОН НИВНИОТ ОДНОС КОН РАБОТАТА

0
44

На собраниските службеници местото им е на работа среде работното време, а не на кафе на улица Македонија. Вака коментира собранискиот спикер Талат Џафери, откако беше снимен како со погрдни зборови им се обраќа на вработените во Службата.

Ова е снимката која излезе во јавност пред речиси две недели. Реакции имаше многу, а Џафери вели – нема објаснување и додава дека не чувствува потреба да се извини.

„АКО НЕКОЈ МИСЛИ ДЕКА ЌЕ ЈА ПУШТАМ СЛУЖБАТА ДА НЕ РАБОТИ, СЕ ЛАЖЕ. ИМААТ ОСУМ ЧАСА РАБОТНО ВРЕМЕ И ТОЛКУ ТРЕБА ДА СЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО”, КАЖА ЏАФЕРИ НА БРИФИНГОТ.

Пцовките не беа кон вработените туку кон нивниот однос кон работата што ја имаат, а не како што сугерира опозицијата, тврди Џафери. Додава дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ којашто ја блокира работата на Собранието, треба да води сметка за тоа што самите тие го направиле, а не да оценуваат дали претседателот го прекршил етичкиот кодекс. Ова не е лов на вештерки, туку вработените направиле грешка со тоа што доставиле погрешни материјали за седницата, кажа спикерот на брифинг со новинарите. Неизвесно е дали ќе се поведе дисциплинска постапка против службениците, но за случајот е покрената соодветна процедура во Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања и материјалот е процесуиран. Џафери засега одбива да коментира дали има основ за негова суспензија. Потенцира дека со Деловник за работа се пропишани надлежностите, а собраниската служба треба да создава услови за непречено одвивање на седниците, затоа што Собранието има создадено услови за нивно работење. Лани се набавени 100 компјутери за конкретната служба.