119 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА МАКЕДОНСКИОТ ШЕФ ЈАВУВА NY TIMES VO 1903

0
27

Денеска кога го одбележуваме денот на еден од најголемите македонски синови, Гоце Делчев се потсетуваме како Американскиот печат го доживуваше и гледаше Гоце Делчев и кој го предаде.

На 26 Мај 1903 , изданието на најпознатиот американски весник – Њујорк Тајмс ( New York Times ) објави статија која ја напишале со помош на нивниот дописник од Софија кој им кажал дека лидерот на Македонските комити, Делчев заедно со уште неколку пријатели влегле во стапица во селото Баница, при тоа биле предадени од некој Грчки шпиун.

Дополнително, огромниот дел на документи и писма напишани и пратени од Дечлев се уште се паметат, како пишан доказ за нашето битисување како Македонци, па во дел од нив вели:

„Ослободувањето на Македонија лежи во внатрешно востание. Оној што мисли дека Македонија ќе се ослободи поинаку, тој се лаже и себеси и другите. Тој народ треба да се разбуди од петвековниот длабок сон, кој го направил Македонецот доста дебел во свеста за човечката правина. И тоа ако не целиот народ, тогаш барем еден дел од него.“

„Не може да се надеваме на туѓа помош, пишува Делчев, да не чекаме помош од Бугарија, ни од која и да било друга сила, туку треба да се подготвиме однатре – во душата секој селанец да се проникне кон таа идеја, сѐ да се подготви и тогаш да се крене масовно востание. Дотогаш никој однадвор да не се меша во нашата работа“

Ова само уште еден придонес кој фрла дополнителна силна светлина за вистината на фактот, кој и што бил Гоце Делчев.