БУГАРИТЕ ПРИСТИГНАА ВО ТБИЛИСИ СО ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА, ФУДБАЛЕРИ ЗАВРШИЈА ВО БОЛНИЦА

Бугарската експедиција доцна во вечерта пристигнала во главниот град на Грузија, но при транспортот од аеродромот до хотелот во Тбилиси се случила една непријатна и страшна автобуска несреќа, од која вистинска среќа е што нема жртви.

Фудбалскиот сојуз на Бугарија информира дека несреќата се случила меѓу двата автобуси кои превезувале бугарски фудбалери и останатите членови од стручниот штаб, односно откако првиот автобус од колоната нагло сопрел со намера да избегне автомобил од спротивната страна.

При наглото сопирање, вториот автобус се забил во првиот и дошло до голема штета, а најдебелиот крај го извлекол Тодор Неделев кој завршил со повреда на главата.

– Едниот автобус сопре, а другиот удри во него. Повреден е само Неделев и тој е пренесен во болница. Искршени се прозорците и тие се дополнителна причина за повредата. Докторот на тимот е со него во болница. Тоа беше страшна ситуација, но сега лекарите ќе се погрижат за него, – изјавил членот на бугарскиот сојуз, Веселин Балевски.

Според информациите, играчот на Ботев Пловдив седел на задното место во првиот автобус и токму поради ударот од позадина го извлекол најдебелиот крај и завршил во болница.

Оваа несреќа секако е непотребен стрес за Бугарите, но засега натпреварот од Лигата на нации против Грузија останува на програмата и не би требало да дојде до одложување.

Извор дерби.мк