ВИДЕО – ВО БОЛНИЦА И ЈАВЕН ПРЕВОЗ НЕ СЕ НОСАТ МАСКИ, ВО ТЕТОВО РАСТАТ АМБУЛАНТСКИТЕ ПРЕГЛЕДИ НА ПАЦИЕНТИ СО СИМПТОМИ НА КОВИД 19

– Се зголемуваат амбулантските прегледи во Клиничката болница во Тетово на лица со симптоми на Ковид 19. Последниве неколку дена повеќе од нив позитивни на вирусот. Ситуацијата е сериозна и треба да се следи. Подваријантите на Омикрон сојот можат да наштетат на дишните патишта, а тоа ќе ги наполни болниците со пациенти, велат здравствените рабтници.

Се повеќе пациенти со симптоми на КОВИД 19. Дневно во амбулантата при Клиничката болница во Тетово се испитуваат до дваесетина лица. Голем дел од нив добиваат позитивни наоди на вирусот.

Слободните болнички кревети не треба да не опуштат. Особено сега, кога поради топлото време сме во затворени простории, без соодветна вентилација, велат здравствените работници.

Загрижива и фактот што следи период на пристигнување на печалбарите, кои можат за кратко да го рашират вирусот.

Сериозна е подваријантата на омикрон сојот БА 5 кој може да ги погоди дишните патишта ,а со тоа да се наполнат болниците со пациенти, вели доктор Ефкоски.

Граѓаните поделени. Некои се уште не веруваат во вирусот, други пак како овој тетовец, маската вели, ќе ја носи додека не заврши пандемијата.

Проблемот лежи и во недостигот на здравствената култура кај населениете, на која треба да се обрне поголемо внимание, ако сакаме да го заштитиме јавното здравје, додава доктор Ефкоски