ВИДЕО – ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ ЗА АДМИНИСТРАТИВЦИТЕ ВО ОПШТИНА ТЕТОВО

Вработените во Општина Тетово го прекинаа штрајкот. Изменет е колективниот договор, со кој административците ќе добијат линеарно покачување на платите, за кои од општинскиот буџет секој месец ќе се одвојуваат дополнително 1 милион и двесте илјади денари.

Вработените го поздравија покачувањето на платите, откако градоначалникот Биљал Касами објави дека е потпишана измена на колективниот договор. Повисоки примања, помитивирани административци, поуспешна локална самоуправа, истакна првиот човек на општината.

Тетово е една од најзадолжените општини со најголем број вработени, блокирани сметки.

Но, Касами е оптимист дека општинскиот буџет ќе може да го издржи дополнителниот товар поради повисоките плати, оти била зголемата наплатата на даноците.

За линераното покачување на платите секој месец, ќе се одвојуваат дополнително 1 милион и двесте илјади денари од општинската каса.