И ПОКРАЈ НЕОДОБРУВАЊЕ ОД ПОЛИЦИЈАТА, КАСАМИ НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД ЗАБРАНАТА ЗА ВЛЕЗ НА ПРЕВОЗНИЦИ ВО ГРАДОТ

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами, не се откажува од забраната за влез во град на превозници од другите општини и покрај реакцијата на СВР Тетово дека одлуката е донесена без нивна согласност, и за секоја измена на сообраќајниот режим ќе следуваат пријави. Тој вели дека одлуката изгласана на седница на совет ќе стартува од 1 јули и истата мора да се почитува, чија цел е растеретување на сообраќајот. Во рамки на законот ако е потребно, дополнително ќе побараме и согласнот од полицијата, посочи Касами.